Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ѕид од тули со должина од половина километар беше експресно изѕидан во индиската држава Гуџарат заради посетата на претседателот на САД, Доналд Трамп, со цел да ја сокрие сиромаштијата на над 2.000 луѓе кои живеат во сиромашниот дел од градот Ахмедабад.
„Потрошија толку многу пари на овој ѕид, зошто да не ги искористат за да го подобрат нашето соседство и да го направат подобро за нас“, изјави Кеши Саранија, еден од жителите. „Зошто нè кријат нас сиромашните“, прашува тој во изјавата за Асошиејтед Прес.
За време на дводневната посета на Индија следната недела, Трамп ќе го посети градот Ахмедабад во Гуџарат за да присуствува на настанот наречен „Намасте Трамп“, што значи „Здраво Трамп“, на стадионот за крикет.
Минатиот септември се одржа митингот „Здраво Моди“ кога Трамп беше домаќин на индискиот премиер Нарендра Моди во Хјустон.
Трамп ќе се вози низ сиромашните делови на градот и ќе биде придружуван од Моди, кој е од областа Гуџарат.Високиот владин претставник Бидал Пател изјави дека ѕидот е изграден од безбедносни причини , а не да го скрие сиромашниот кварт.
„Освен безбедносни причини, ѕидот беше подигнат заради убавина и чистота“, рече претставникот.
Властите вчера испратија известувања за иселување на 45 семејства кои живеат во друга сиромашна населба во близина на стадионот за крикет.