Индексот МБИ10 во негатива


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Трет ден по ред индексот МБИ10 во средата беше во негатива, со дополнителни 0,37 отсто и моментално изнесува 2.290,40 индексни поени.

Се тргуваше со 12 хартии од вредност при што бројот на добитници/губитници е изедначен, додека без промена на вредноста се тргуваа две хартии од вредност. Вкупниот промет изнесуваше 6,6 милиони денари, а се реализираа 32 трансакции.

Најтргувана хартија беше акцијата на Комерцијална банка со истргувани 1.090 лотови по просечна цена од 2.861,08 денари, што претставуше 47 отсто од вкупниот промет. По неа следеа акциите на Стопанска банка АД Битола со промет од 1 милион денари и Алкалоид со промет од 0,7 милиони денари.