Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанскиот милијардер Бернардо Капроти по смртта, на својата секретарка ѝ оставил 75 милиони евра. Секретарката Германа Чиоди ќе добие и бројни вредни уметнички дела.
Милијардерот на своите внуци им оставил по „само“ 15 милиони евра. На музејот „Лувр“ му ги оставил делата на Мане. Според тестаментот којшто бил прочитан на 5 октомври, сопственоста на милјардерот ќе се подели помеѓу неговите три сина и неговата втора сопруга.
Остатокот ќе го поделат Џузепе Капроти и неговата сестра Виолета кои се деца од првиот брак на Бернардо.
Бернардо Капроти бил тежок 2,2 милијарди долари. Бил сопственик на синџирот супермаркети „Еселунга“ со седиште во Милано. Умрел на крајот од септември, на 90-годишна возраст. „Еселунга“ има вработено 22.000 луѓе.
Во 2011 година Бернардо Капроти дал отказ на местото шеф на „Еселунга“, а во 2013 година дал оставка на сите места во управата.
Нелсон Рокфелер, внук на Џон Д. Рокфелер, дошол во 1956 година во Милано за да го претстави концептот на супермаркети. Тој и Капроти станале партнери. Капроти тогаш водел бизнис со текстил кој го наследил од татко му. Отвориле синџир на продавници.
Синот од првиот брак, Џузепе Капроти со години се спомнувал како наследник на Бернардо. Во компанијата дошол во 1986 година. Направил и линија на органски производи коишто продавниците ги продавале. Вовел и вредносни картички, „кол центар“ во компанијата како и центар за комуникација со медиумите. Но, таткото и синот со години се карале.
Бернардо Капроти во текот на една кавга се заканил дека ќе го повика обезбедувањето да го исфрли неговиот син. Џузепе Капроти дал отказ во 2005 година. Подоцна Џузепе и Виолета го обвиниле татка си Бернардо дека им ги украл акциите. Судскиот спор траел три години.