Инает или навика: Бекир Асани пак паркиран на „озлогласеното“ место после инцидентот со пајакот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Независно дали тера инает, или едноставно навика му е да паркира таму, Асани си тера по свое.

Поранешниот претседател на општинската организација на ДУИ во Чаир повторно го паркираше своето возило на истото место каде што пред неколку дена се случи инцидент кога пајак требаше да му го крене автомобилот поради непрописно паркирање, а овој му се развика и ги исплаши, по што пајакот изнервиран, нападна една од присутните полицајки.

Овој пат, за среќа, немаше расправија со пајак и нема ниту една повредена полицајка.