Импресивно видео: Погледнете како се раѓаат пчелите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фантастична „тајмлапс“ снимка на создавањето на живот во пчеларските сандаци. Од ларва до вредна и неуморна работна пчела – вака се раѓаат едни од најимпресивните ципокрилни инсекти и животински заедници на планетата Земја.

Пчелите се ципокрилни инсекти кои се приспособени се за исхрана со цветен прав и со нектар. Нивното значење во природата и за човекот е големо, почнувајќи од производите што ги даваат, мед и восок, па до опрашувањето што го вршат кај растенијата. Групата опфаќа видови што имаат осаменички начин на живеење, или пак се здружуваат во добро организирани семејства. Социјалните видови пчели живеат во заедница од 20.000 до 70.000 пчели работнички, една матица и од 800 до 3.000 трутови, што се јавуваат само во текот на летото. Секој од овие членови во заедницата врши точно определена работа. Во Македонија е позната расата мариовска пчела од видот европска медоносна пчела (Apis mellifera)