Импресивно деби на македонскиот ММА борец Александар Волкановски (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот ММА борец од Австралија Александар Волкановски викендов имаше спектакуларен деби настап во UFC (најелитната ММА организација во светот) и со доминантен настап и технички нокаут ја забележа својата прва победа во UFC против Јапонецот Јусуке Касуја.

Александар е првиот Македонец што настапува во UFC и воедно е еден од најперспективните ММА борци во featherweight и лесна категоријa.