Импресивни кадри и тажни сцени од најдлабокото место на планетата Земја (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Американскиот подводен истражувач Виктор Весково го собори рекордот во најдлабоко нурнување во историјата на човештвото спуштајќи се на длабочина од речиси 11 километри или точно 10.927 метри при нуркање во познатиот Маријански ров, најдлабоката точка на нашата планета.

Виктор Весково четири часа го истражувал морското дно во мини подморница, а покрај волшебните и неверојатни морски суштества, риби, ракови, ѕвезди кои што не можат да се видат на помали длабочини, истражувачот пронашол и пластика. Пластични кеси и шушкави омоти на бонбони лежеле на дното на океанот на најдлабоката бразда на Земјата.

Ова е трат пат во историјата луѓето да се спуштаа на вакви екстремни длабочини. Први дното на Маријанскиот ров го допреле, американскиот морнарички наредник Дон Волш и швајцарскиот инженер Жак Пикард во далечната 1960 година.

Половина век подоцна тоа го стори и славниот режисер Џемс Камерон кој во 2012 година во својата зелена подморница го посети најдлабокото место на планетата. Последен до него стигна и Виктор Висков, кој воедно постави и нов рекорд спуштајќи се 11 метри под досегашниот рекорд.

„Не можам да опишам колку сме возбудени поради ова што го направивме и постигнавме. Оваа подморница и нејзиниот матичен брод, заедно со неверојатно талентираниот истражувачки тим, ја одведоа морската технологија на ново ниво“, изјави Весково.

Целиот потфат од бродот го следеше и првиот посетител на Маријанскиот ров, Дон Волш.

Точните резултати од истражувањето треба да се дефинираат, но стручњаците сметаат дека откриени се нови четири вида на ракови амфипод, нов вид на ѕвезда „ Echiura“ на длабочина од 7.000 метри и риби од семејството Липаридае на 8.000 метри.

Но, дури и на длабочина од 11 километри се гледа негрижата на човекот за природата. На дното на ровот пронајдени се пластични кеси, што досега никогаш не било случај.

Милиони тони пластика секоја година завршуваат во океаните, но во јавноста многу малку се зборува и знае за тоа, каде пластиката навистина завршува.