Импресивната сенка на Сонцето врз Јупитер затемнето од месечината Ио


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вселенската сонда Јунона која беше лансирана од НАСА направи навистина импресивна снимка од делумно помрачување на Сонцето на Јупитер, сензационално завршувајќи го своето 22-ро блиско прелетување околу огромната планета.

Ио, најблиската од четирите месечини на Јупитер, фрла изненадувачки остра сенка по површината на гасниот џин, што се гледа на неверојатните фотографии. Сликите ги гледаме благодарение на софтверскиот инженер на НАСА и граѓанин-научник Кевин Гил, кој на Твитер ја сподели обработената фотографија.

НАСА ја охрабрува јавноста да ги обработува сликите што доаѓаат на Земјата преку сондата.

Сенката на Ио врз Јупитер е толку остра бидејќи таа е многу поголема и е многу поблиску до Јупитер отколку што е нашата месечина до Земјата. Таа изгледа приближно четири пати поголема од големината на Сонцето од гледна точка на Јупитер.

На месечината ѝ требаат 1,77 дена за да ја обиколи огромната планета, додека Јунона прави блиски прелети на секои 53 дена.

Гил исто така сподели и неверојатна глетка од 360 степени на хоризонтот над Јупитер, која ги покажува моќните камери на сондата и неговата огромна вештина во обработката на слики.