Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ако имате потреба од инспирација во слабеењето и одржувањето на убавата и галантна телесна линија, барајте ја Џесика Валитуто – таа најдобро ќе ви ја одржи мотивирачката настројба. Добро, на ситуацијата со желудникот – тоа е веќе друг, здравствен проблем.
Оваа девојка од Рио де Жанеиро, пред осум години имала 150 килограми, а денес е вистински Инстаграм симбол.
Таа пред скоро една деценија се вртела во својата безизлезност и на крај решила да го оперира желудникот. Откако добила помал желудник, Бразилката ослабела 90 килограми, па така стана инспирација за многу девојки со слични проблеми кои ја следат на Инстаграм.
По операцијата, Џесика почнала и да вежба со личен тренер кој ја составил и нејзината диета и систем на исхрана. Тој режим трае до ден денешен, и таа нема намера да прекине. Поради сето тоа, девојката денес е позитивно непрепознатлива.
„Упорност, работа и трпение. Јадете здраво, вежбајте и не се откажувајте. Зошто ако престанете, сигурно ќе се вратите во состојбата во која сте биле претходно”, вели Џесика.