Импресивна прва изведба во живо на „No Time To Die“ – Ајлиш со емотивен говор на сцена


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На синоќешното доделување на познатите музички Брит награди, музичката ѕвезда Били Ајлиш за првпат ја изведе во живо насловната музичка тема за новото филмско продолжение од франшизата за Џејмс Бонд.

Во придружба на оркестар, со брат ѝ на клавијатури, Били пред многубројната публика беспрекорно за прв пат во живо ја отпеа „No Time To Die“, изведба која никого ни во публиката не остави рамнодушен.

Воедно, таа ја доби и наградата за најдобра светска музичарка, при што кажа:

„Морам да ви кажам нешто што ми текна вечерва. Неодамна се сетив дека многумина ме мразат, а кога се искачив на сцената и ве видов сите вас како ме гледате со насмевка, тоа ме наведе на солзи и чувствувам дека сега би можела да заплачам. Така што, ви благодарам“, изјави Били во својот емотивен говор.