Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славната холивудска актерка Сара Џесика Паркер на нејзиниот Инстаграм профил објави фотографија од македонскиот документарен филм „Медена земја“ не штедејќи епитети и пофални зборови за ова филмско остварување на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, истакнувајќи дека е воодушевена од филмот.
View this post on Instagram
„Медена земја е неверојатна , визуелено зачудувачка, епска а сепак интимна приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш да ја заборавам!“. Има причина зошто овој филм ги освојува сите награди и признанија. Им честитам на авторите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и фала ви што ни дозволивте да патуваме со вас во малото место во Република Македонија. Вас двајца јас ќе ве следам секаде“, напиша Сара Џесика Паркер.
Холивудската актерка филмот го погледнала во Quad Cinema во Њујорк и истакна дека филмот е еден од најдобрите номинирани за „Оскар“!