Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Mercedes 600 Pullman во ’60-те и ’70-те години од дваесеттиот век беше во производство само за една намена – исклучиво за потребите на светските познати државници.
Денес, 4-5 децении подоцна, еден примерок од оваа престижна лимузина, ќе се најде на аукциска продажба на почетокот на декември. Аукциската куќа Sotheby’s, која е задолжена за организирање на аукцијата во Лос Анџелес, не открива колкава ќе биде почетната , ниту очекуваната сума од нејзината продажба. Но, она што е сигурно е дека не може секој да си дозволи ваков редок примерок.
Луксузната лимузина Mercedes Pullman е позната и по тоа што во неа се возеше и поранешниот претседател на СФРЈ , Јосип Броз Тито. Наместо стандардното растојание меѓу осовините од 3,2 метри , Пулман има растојание од 3,9 метри што им дава дополнителна комоција на патниците на задното седиште.
Во периодот од 1963 до 1981 Mercedes произведе вкупно 2 677 примероци од моделот 600, но само 428 од верзијата Pullman. 59 од нив имале можност за отворање на покривот. Не се знае колку од овие возила се сочувани до денеска , но секое вреди вистинско богатство.