Империјата Рокфелер се вклучува во бизнисот со криптовалути


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Славното и моќно семејство Рокфелер, кое е еден од капиталните и најдоминантни играчи во светот на индустријата и банкарството, ќе влезе во бизнисот со крипто валути.

Инвестицискиот фонд Venrocк кој е задолжен за финансиските операции на Рокфелер ќе вложи пари во Coin Fond кој е пак, специјализиран фонд за вложување на парични средства во дигитални крипто валути како и во бизниси кои се занимаваат со иновации од областа на блокчејн со што добиваат дополнителна вредност.

„Сакаме партнерство со овој тим кој прави инвестиции и всушност помага во креирање на многу различни крипто-економии и проекти базирани на крипто-токени“ истакна Дејвид Пакман“ еден од главните партнери во Venrock.

Оваа вест, како и претходната најава од страна на милијардерот Џорџ Сорос за инвестирање на неговиот фонд во проекти со криптовалути и блокчејн технологија, придонесоа за пораст на вредноста на повеќе крипто валути меѓу кои и биткоинот, а финансиските експерти очекуваат да се забрза процесот на регулирање на пазарот на дигитални валути со поголема доверба од страна на инвеститорите.