Империјал Тобако интерно одлучиле да ги поскапат цигарите, а не поради акцизата


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Последното поскапување на дел од цигарите не се должи на зголемување на акцизата, туку тоа е интерна одлука на компанијата Империјал Тобако.

Од компанијата велат дека најверојатно ќе има и уште едно поскапување на цигарите, но кога и како ќе се направи засега не откриваат. Исто така, се наведува дека заради намалената куповна моќ на граѓаните, поради поскапувањето на цигарите, примената на Законите за пушење во затворено и поради заштита на здравјето од пушење, се намалила потрошувачката на цигари.

Тоа не е податок кој е фиксен, но според наши сознанија и податоци тој пад е помеѓу 2 до 4 отсто годишшно во изминатите четири години. Но падот на конзумирање на тутун на светско ниво посебно во Европа бележуи пад во последи 15 години и тој пад во зависност од регионот е пад до 6 отсто, изјави Кирил Величковски, директор за Македонија

Се најавува дека ќе се зголеми откупот на македонски тутун за околу 9 отсто во текот на оваа година. Околу цената и за текот на откупот на тутунот, дали имаше проблеми, од компанијата најавија дополнителена прес конференција.