Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Имотот на Топлификација кој на лицитација го купи „Адора“ на Чифлиганец за 9,3 милиони евра со ДДВ е проценет на 17,7 милиони евра без ДДВ, пренесува Телма.
Во огласот за јавната лицитација стои дека покрај Топланите Исток и Запад земјшитето, опремата и машините, Адора ја добива и управната зграда на Топлификација. Стечајниот управник Богољуб Макревски вели дека не е негово да коментира дали е задоволен од постигната цена на лицитацијата на која имало две понуди,а за најповолна е прифатена токму таа на Адора. Остава Собранието на доверители на 8 октомври да го каже последниот збор.
Здружението на акционери од Топлификација денеска излезе со реакција, по информацијата за продажбата на компанијата. Велат имотот и побарувањата ма Топлификација се проценети на 63 милиони евра заедно со долгот на ТЕ-ТО од 28 милиони евра со правосилна одлука на Врховниот суд. А вкупните долговите на Топлификација пак се 20 милиони евра, од кои 17 милини се кон Комерцијална банка. Најавуваат и тужби.
Иако не е донесена финалната одлука на Собранието на доверители, сепак Адора вчера соопшти дека влегува во бизнисот со топлинска енергија.
Душко Чифлиганец, за Телма вели дека компанијата ќе прави економски анализи, по што ќе одлучи кои чекори понатаму ќе ги преземе. Вели за почеток ќе седнат со БЕГ и Регулаторна и ќе донесат заеднички став во функција на интересот на граѓаните.
Од Регулаторна пак смируваат дека оваа грејна сезона нема да има никакви промени. Но за БЕГ, ова ќе значи нов договор, со нови услови за користење од новиот сопственик. А Адора пак понатаму има две опции.
Од БЕГ пак официјален став најавуваат откако ќе завршат постапките и ќе направат анализи.
Инаку Адора како сопственик на Топланите Исток и Запад ќе произведува топлинска енергија која треба да ја изнајмува на БЕГ, кој пак има 35 годишна лиценца да ги снабдува со парно Скопјани. Мрежата пак што ја користи БЕГ за да стигне парното до граѓаните е во сопственост на ПУИК. А за сега е на чекање идејата Градот да го преземе управувањето со парното греење во Скопје.