Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откријте ги интересните значења на неколку главни градови во светот.
1. Амстердам оригинално е изграден на брана (eng.dam) на реката Амстел, по што го добил името.
2. Буквален превод на името Абу Даби е „газелин татко“ (Обединети Арапски Емирати), а името на најголемиот град во земјата – Дубаи на арапски значи „мал скакулец“.
3. Сингапур го нарекуваат град на лавот затоа што „синга“ значи „лав“, а „пура“ означува „град“.
4. Пекинг е „главен град на северот“, затоа што доаѓа од кинескиот збор „bej“ (север) и „jing“ (главен град).
5. Иако Саудиска Арабија е земја со многу песочни дини, името на нејзиниот главен град Ријад потекнува од зборот „rawdah“ што значи „ливада“.
6. Праведни (добри) ветрови е превод на шпанското име Буенос Аирес.
7. Името на градот Виена потекнува од келтскиот збор „windo“, што значи светло, односно бело.
8. Животот во главниот град на Чешка е забрзан. Тоа го докажува и неговото име „Praha“, што на чешки знаи „(за)брз(ан)“.