Имиња на деца поради кои нивните родители завршиле на суд


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ако сте запнале по секоја цена на вашето дете да му дадете необично име, потрудете се барем истото да биде маку познато, но многу побитно – и ДОЗВОЛЕНО во вашето општество, за да не завршите пред судските органи, како многу други родители ширум светот што заглавиле на тој начин.

Веројатно веќе имате чуено дека Хитлер, Осама бин Ладен и слични озлогласени имиња се забранети ширум светот. И не се само тие.

Еве неколку примери од историјата во кои родителите буквално завршиле на суд поради имињата кои им ги дале на своите деца, а кои под притисок на законот подоцна морале да ги менуваат.

1. Петок (2007)

На 7 септември, 2006 година, Мара и Роберто Германо од Џенова на својот син му го дадоа името Венерди (на италијански петок), име кое го одбрале во чест на ликот од славниот авантуристички роман за Робинзон Крусо (кај нас преведен како Петко). Но, во декември, 2007 година, судијата кај кој се нашол нивниот случај одлучил дека тие не можат да го користат тоа име бидејќи истото е синоним за „потчинетост и инфериорнос“, па на крајот на детето му го дале името Грегорио.

2. Лего (2008)

Кога во 2007 година еден шведски пар на своето дете му го дал името Лего, веднаш се побуниле шведските судови кои се обиделе да го забранат тоа име, баш како што претходно направиле со Икеа и Елвиц. Меѓутоа, откако во 2008 година апелациониот суд одлучил да ја поништи пресудата на понискиот суд, па на родителите им било дозволено да го задржат името за своето дете кое и денес така се вика.

3. Tula Does the Lula from Hawaii (2008)

Ова е целосното име на едно девојче од Нов Зеланд, чии родители не сакале ни да чујат за промена на истото, дури и кога нивната ќерка самата признала дека е несреќна поради името кое го добила од мама и тато. На крајот им пресудил судот кој досудил детето да им биде одземено, по што го загубиле правото за старателство, а на девојчето му било променето да го смени името. Како се преименувала не знаеме, но сигурно е многу поприфатливо и подобро од Tula Does the Lula from Hawaii.

4. Адолф Хитлер, Аријан Нејшн, Хоншлин Хинлер (2008)

Децата на самопрогласениот наци-татко од Њу Џерси ги добиле имињата Адолф Хитлер, Џојслин Аријан Нејшн (во превод ариевска раса) и Хоншлин Хинлер. На почетокот тоа не било законски проблем, но властите дознале за нивните имиња, па се вмешале после жалбата од една слаткарница која цврсто одлучила да не прави торта со натпис „Среќен роденден, Адолф Хитлер“.

5. Блер (Blaer, 2013)

Како и многу други северноевропски земји, Исланд има строги правила за имињата кои смеат да им се даваат на децата, како и за оние кои се забранети. Сепак, иако не се наоѓало на листата од забранети имиња, родителите на девојчето со име Блер, што значи „лесно ветре“, повеќе од десет години се бореле со исландските судови околу истото, за на крајот во 2013 година да го добијат правото и дозволата за користење на истото.

6. Месија (Месаја, 2013)

Името Месаја предизвика вистинска ерупција од реакции во 2013 година, кога судијката од Тенеси им нареди на родителите да го сменат името на нивниот син од Месаја во Мартин. Како причина за тоа таа навела дека името Месаја е резервирано само за Исус, но во рок од неколку месеци после тоа, поради таа одлука, судијката добила отказ од работа, па на родителите им било дозволено да му го задржат името на детето.

7. Принц Вилијам (2015)

Во САД е дозволено и популарно на децата да им се даваат имиња како Принц или Кинг, но во Франција тоа не доаѓа во предвид, па во 2015 година, на еден француски родителски пар му беше забрането на својот син да му го даде името Принц Вилијам. Не им го дозволија ниту вториот избор – Мини Купер, бидејќи заклучија дека на детето цел живот ќе му се смејат за тоа име.

8. Нутела (2015)

Уште еден скандал со име во Франција од 2015 година изби поради името Нутела. Судијата на родителите им го предложил опционалното име Ела, кое барем делумно ќе ја содржи идејата за Нутела.

9. Цијанид (2016)

Жена од Велс се обидела на своето девојче да му даде убаво и необично име, па го смислила името Цијанид (Сајанид), мислејќи дека тоа е доста позитивно име бидејќи алудира на отровот од кој починал Хитлер. Но, британскиот суд не се согласил со тоа, апелирајќи до мајката дека претерала со изборот на името, а потоа го забранил и името кое жената се обидела да му го даде на братчето близнак на Цијанид – името Причер (проповедник).

10. Волк (Лобо, 2016)

Иако името Вук е доста популарно во Србија, а доста ценето и во САД, во Шпанија, една мајка од предградието на Мадрид, добила забрана да му го даде името Лобо (на шпански волк) на својот син. Но, мајката не запрела на судската пресуда, па преку петиција собрала 25.000 потписи поради што судот одобрил детето да го носи тоа име.

11. Алах (2017)

Во март, 2017 година, Елизабета Хенди и Билал Вак од Грузија за својата ќерка го одбрале името Залика Грејсфул Лорејн Алах, но тука веднаш на сцена стапиле локалните власти. Тие го забраниле презимето на девојчето, но не поради неговото значење, туку поради тоа што ниту еден од родителите не носи такво презиме. Во грузискиот закон е одредено дека децата мора да носат барем едно од презимињата на нивните родители. Сепак, на крајот, овој родителски пар добил дозвола за името и презимето на нивната ќерка.

12. Џ (2017)

Иако во светот е веќе вообичаено луѓето помеѓу името и презимето да имаат еден иницијал, еден швајцарски пар посака токму една буква да биде целосното име за нивното дете, кое сакале да го викаат Џ. Но, судијата не им го дозволил тоа, сметајќи дека буквата како име не е соодветна дури ни како средно име, а не пак главно.

13. Марсеј (2017)

Иако звучи убаво, на еден француски пар им беше одбиена можноста нивната ќерка за средно име да го добие името Марсеј, само затоа што станува збор за име на француски град, што според мислењето на судијата не треба да биде ничие лично име или презиме.

14. Џихад (2017)

Во Франција уште се води битка околу името Џихад, на кое инсистира еден пар од Тулуз. Иако локалните власти им забраниле да го користат тоа име како лично, парот собрал екипа адвокати со надеж дека ќе ја притиснат власта да попушти и да им дозволи да го користат тоа име.

A post shared by Toni Elliott (@toniroseelliott) on

15. Луцифер (2017)

Во Америка секоја година се раѓаат по барем десет мали Луцифери. Тоа име поминува таму, но не и во Германија, каде еден родителски пар од Касел добил забрана на својот син да му го даде името Луцифер, па наместо така, го именувале Луцијан.