„Имиџ како мафијашки бос“: Берни Еклстон на стари години го подмлади стилот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Милијардерот Берни Еклстон, кој беше и сопственик на најголемиот и најскап циркус на светот наречен „Формула 1“, одамна не беше забележан во јавност. А деновиве, кога папараците конечно повторно го „уловија“, покажа сосема поинаков стил и имиџ на облекување од оној кој му го знаевме.

На 89-годишна возраст, Еклстон скапите одела ги заменил со кожна јакна и фармерки, а пуштил и бела брада, така што тешко можеше некој да го препознае за време на шопингот со сопругата во Лондон.

Токму бракот со 47 години помладата Бразилка Фабиана Флоси се смета за главна причина за подмладениот Берни, кој е при крајот на деветтата деценија од животот.

„Изгледа некој се подмладил! Имиџот му е како на мафијашки бос!“, се само дел од коментарите на појавата на милијардерот. Берни и Фабијана се во брак од 2012 година, а се венчаа во Швајцарија.