ИМЕТО Е ДОГОВОРЕНО: Конкретен предлог ќе има до крајот на месецов!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако вчера пишувавме дека веќе е договорено ново име за нашата татковина, а според албанските медиуми тоа е веројатно најнепосакуваното име Република Нова Македонија (прочитајте повеќе ОВДЕ), денес вицепремиерот Бујар Османи изјави дека конкретниот предлог ќе се знае до крајот на месецов.

Сега не е време да се разговара за предлози, на крајот на месецот ќе има конкретен предлог и тогаш ќе заземеме став, изјави вицепремиерот Бујар Османи по средбата со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, одговарајќи на новинарско прашање што мисли за предлогот Република Нова Македонија.

Инаку, Коѕијас претходно за грчките медиуми изјави дека претпочитаат сложено име за севкупна употреба кое ќе биде различно од „грчка Македонија“ (ПРОЧИТАЈТЕ ОВДЕ)

„Ние сме свесни дека пред нас е историски момент, особено наредните шест месеци. Најважно е нашата земја да има прогрес. Ги решивме проблемите со Бугарија, а сега верувам дека тоа ќе се случи и со Грција. Постојат повеќе солуции, но чекаме да дојде медијаторот Нимиц подоцна овој месец“, порача Османи по средбата.

Грчките медиуми, повикувајќи се на извори од грчката влада објавуваат дека за двете страни е прифатлив предлогот „Република Нова Македонија”. Вчера и албанскиот портал InfoShqip објави детали од наводниот договор според кој Македонија ќе се преименува во Република Нова Македонија, а ќе биде преименуван и јазикот, како и идентитетот на нашиот народ.

Еве го договореното според InfoShqip:

Име/name: Република Нова Македонија(мк-кир) – Republika Nova Makedonija(mk-lat) – Republic of New Macedonia(eng) – Δημοκρατία της Νέα Μακεδονία(gr) – Dimokratia tis Nea Makedonia(gr-lat)

Скратен назив/short name: Нова Македонија – Nova Makedonija(mk), New Macedonia(eng), Νέα Μακεδονία(gr).

Јазик/language: СОВРЕМЕН Македонски јазик – Sovremen Makedonski jazik(мк), MODERN Macedonian/Makedonski(eng), Σλαβομακεδονική γλώσσα – Slavomakedoniki glossa(gr).

Националност/Nationality (Државјанство): Македонско / New Macedonian.

Црква/Church: Нова Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија(мк), New Macedonian Orthodox Church – Ohrid Archbishopric(eng), Ορθόδοξη Εκκλησία της Νέα Μακεδονίας – Αρχιεπισκοπή της Οχρίδας(gr).

Наредниве 2 точки не треба да се предмет на преговори и договори, тие се производ на самоопределување на луѓето и колективите/these 2 issues should not be included in the contract:

Идентитет на македонскиот народ/Ethnic identity: Македонец/Македонка/Македонци(мк), Ethnic Macedonian/Ethnic Macedonians(eng), Σλαβομακεδόνες/Slavomakedones(gr).

Идентитет на грците кои регионално се идентификуваат како македонци/Identity of Greek Macedonians: Грчки македон/Грчки македони(мк), Greek Macedon/Greek Macedons (eng), Μακεδονικό/Makedoniko – Μακεδόνες/Makedones(gr).

Според македонските аналитичари пак, името Република Нова Македонија е најнепосакуваниот предлог за нашето име, бидејќи со тоа име како и со името Република Северна Македонија ќе се смени и идентитетот на македонскиот народ во Новомакедонски, односно Северномакедонски што е и главната цел на грчката политика.