Имате темни кругови под очите? Еве што може да е причина за нивната појава


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Темните кругови под очите можат да бидат појава која се манифестира од повеќе причини. Најчесто тоа се случува поради замор, лош сон, но и генерално, нездравиот начин на живот. Колку и да се трудиме да ги камуфлираме со шминка, секогаш не успеваме. За среќа, постојат неколку начини да се ослободиме од нив.

Црн чај и чај од камилица

Прва помош е миењето со ладна вода, а како подобро решение се препорачува да се стават две изладени кесички чај на очите и да се чуваат дваесетина минути. Зелениот и црниот чај се идеални за ова бидејќи содржат теини, кои го намалуваат отокот, додека билните чаеви како камилицата го смируваат воспалението и црвенилото.

Белки од јајце како природен „фејслифтинг“

Белките најчесто се користат како маска за затегнување на кожата на лицето. Во сад измешајте неколку белки да се стегнат, а потоа со четкичка нанесете ја смесата под очите, оставете неколку минути, а потоа исплакнете со вода.

Облоги од компири и краставици

Компирите помагаат во намалување на отокот и темните кругови. Треба да го исечете на кришки и да го ставите на очите неколку минути или да го изрендате, да исцедите и да направите облоги. Слична функција има и краставицата. Изладете ја краставицата во фрижидер, па исечете ја на кругови и ставете ја на очите. Оставете да отстои околу петнаесет минути, веднаш ќе почувствувате подобрување.

Цвет од арника за регенерација

Цветот на арниката има бројни лековити својства. Етеричното масло во кое доминира бета-кариофиленот има антисептично дејство, додека присутните каротеноиди се докажани антиоксиданти. Разновидноста на активните состојки ја надополнуваат силициумовите соединенија кои ја стимулираат регенерацијата на мускулното ткиво и кожата.