
Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ?
Здравко Чолиќ со децении е еден од најпопуларните пејачи на нашите простори, вистинска легенда на домашната и регионалната сцена, а гордо ја носи и титулата миленик на жените.
Иако има над 70 години, Чола и понатаму е омилен меѓу понежниот пол, а тоа многу добро го знае и самиот.
Жените отсекогаш го обожавале, каде и да се појави, а неговите обожавателки сонувале за него. Дури и многу мажи посакувале да ја имаат неговата харизма, со надеж дека ќе бидат попривлечни за жените.
„Така е тоа, едноставно се раѓаш таков и не можеш да побегнеш од тоа. Жените повеќе се приврзуваат за мажите, за машките групи, а ние пееме љубовни песни. Од друга страна, за женските вокали повеќе се врзуваат мажите. Во секој случај, тоа е убаво и сигурно ми годи,“ изјавил еднаш Здравко Чолиќ.
Но, иако го следел епитетот „женкар“ и „срцекршач“, вистината за него е малку поинаква.
Имало многу жени во неговиот живот, но вистински сакал само три. Покрај тоа, само со две жени јавно споделил бакнеж.
Повеќе уживал во интимни моменти со партнерките, без присуство на јавноста. Тој бил малку срамежлив и сметал дека пријателите би се шегувале со него кога би се појавил во женско друштво.
Никогаш не се додворувал на жени кои биле во врска, а случувало да биде и одбиен.
Кои биле најважните жени во неговиот живот?
Првата сериозна врска на Чолиќ, која траела четири години, била со Јасна Дулиќ, балерина од групата „Локице“. Таа била неговата прва официјална девојка.
По неа, седум години бил во врска со Елизабета Видас, манекенка од Ријека. Таа, покрај неговата сопруга, е единствената жена што тој јавно ја бакнал.
Сегашната сопруга Александра ја запознал во 1989 година во Макарска, а нивната врска траела 11 години пред да стапат во брак. Започнале да се гледаат во Белград, каде таа студирала географија. Го привлекла со својата едноставност и гестови со кои му покажувала дека ѝ е вистински важен.
Чолиќ и Александара – семејство и живот заедно
Се венчале во мај 2001 година. Изненадил многумина – наместо да ги повика пријателите на првомајски излет, ги повел на неговата свадба. Денес, парот има две ќерки, Уна и Лара. Чолиќ некогаш изјавил дека му е жал што не станал татко порано.
Со својата сопруга има цврст и долг однос, а секогаш ги почитувал нејзините одлуки. Единственото непријатно искуство што го доживеале било кога една обожавателка на Чолиќ ја нападнала Александра со нож, повредувајќи ја по лицето.