Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бизнисмен со милиони на својата сметка се одрече од своето мултимилионерско бизнис царство за да го подобри животот на другите луѓе. На тоа го поттикна несреќата поради која заврши в затвор, но и ја запозна љубовта на својот живот.
До моментот кога со својот 150.000 долари скап Ферари учествуваше во верижна сообраќајка, денес 38-годишниот Маци Думато од Дамаск живееше живот на декадентен плејбој. Овој сириски бизнисмен живееше во Бразил и Дубаи, се збогати со веб дизајн, маркетинг и проджба на недвижнини, а откако ја запозна сопруагта Милена, сиот свој кеш го потроши на лекување на членови од своето семејство, но и помагање на непознати луѓе. Денес со Милена живеат во Јужна Америка, каде единствена сопственост која ја поседуваат е VW камперот и еден ресторан, во кој често и преспиваат.
Милена заболела од рак на дојката, па морала да се подложи на двојна мастектомија и трансплантација на коскена срж, а Маци не штедел за нејзиното лекување и за таа цел искеширал 700.000 долари.
За време на опоравувањето тие одлучија да ги донираат сите пари за превенција од рак во Флоријанополис, Бразил, и купија недвижен имот за семејствата од пациентите заболени од рак. На тоа вкупно потрошија милион долари. Кога недвижниот имот не го користат семејствата од заболените од рак, тие го издаваат истиот, а приходот го донираат во хуманитарни цели. Остатокот од парите го потроши за плаќање на лекувањето на непознати луѓе.
„На кратко, ги дадов сите мои пари. Кога си заминав од Дубаи имав три милиони долари, милион потрошив на недвижнини, а два милиони на лекување на сопругата од рак на дојка, трошоци за сообраќајни несреќи и лекување на братот кој е во болница со тумор на мозокот. Но, парите ги дадов и за интензивна нега во Флоријанополис, каде ќе го префрлам и него. Тој е последниот жив член од моето семејство, па воопшто не размислував кога требаше да му се направи операцијата“, вели Маци.
Како пресвртница во својот живот го означува запознавањето со сопругата и сообраќајната несреќа, а тогаш сфатил дека мора да го напушти раскошниот живот и да тргне по поскромни патишта.
„Купив Ферари и мислев дека постигнав сè што може да се постигне во животот. Почнав да лумпувам и две недели подоцна доживеав сообраќајка. Заспав во возење и завршив под камион“, раскажува Маци.
После несреќата завршил в затвор каде го сретнал таткото на свој добар пријател.
„Тоа утро во затворот прва личност која ја сретнав беше некој кого го запознав пред 15 години. Тој беше татко на еден мој добар пријател од средно училиште. Се сеќавам дека му се восхитував бидејќи имаше пет автомобили и беше моќен бизнисмен во Дубаи. Ми среди во затворот да добијам душек и перница. Седнав на нив и помислив дека тоа е сè што имам сега. Бев ист како останатите во затворот, не бев фраер како што мислев дека сум цело време. Тоа беше неверојатно спознание“, открива тој.
После излегувањето од затвор, не знаел што сака да направи со својот живот, па отишол на пат, каде ја запознал Милена.
„Една година откако го напуштив Дубаи бев сам во клуб во Бразил, каде една вечер чув една жена како зборува за Африка. Волонтирала во Конго откако излегла од болница, каде се лечела од леукемија. Одлучила да замине да им помага на луѓето. Волонтирала во Обединетите нации, а тие ја пратиле во Конго, каде поминала една година, а нејзиното здравје можело да се влоши во било кој момент. Ја запознав на интернет откако се врати, а таа сега ми е сопруга која неизмерно ме инспирира. Почнавме да живееме заедно и да размислуваме што би можеле да направиме заеднички“, додава Думато.
Думато и Милена одлучиле сите свои пари да ги донираат во добротворни цели во Доминиканската република, а после посетата на бегалците од Хаити, сфатиле дека можат да го донираат и своето време, не само парите.
„Таа жена навистина влијаеше на луѓето, од бебиња до старци во село. Сите ја сакаа, не поради парите, туку затоа што им го даваше своето време“, вели за својата сопруга и додава: „Тогаш сфатив дека хуманитарноста не е само пари. Станува збор за давање на своето време на другите. Сфативме дека не можеме само да ги дадеме нашите пари во добротворни цели, туку дека треба да започнеме наша хуманитарна акција“.
Тогаш Милена заболела од рак на дојката и мораше да се подложи на мастектомија и трансплантација на коскена срж. Думато нејзиното лекување го плати 700.000 долари и почна да размислува за алтернативни методи.
„Лекарот кој ја лекуваше основаше центар за превенција, а соседните недвижнини беа на продажба. Го купив земјиштето, а договорот беше дека 50% од приходите ќе одат за осигурување на третмани на оние кои не можат да си ги дозволат. Сега имаме девет куќи за семејства, а центарот ќе биде готов до крајот на 2017 година“, вели Думато.