Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рускиот претседател Владимир Путин беше видно револтиран и изнервиран кога разбра дека Русија во моментов чека да бидат склучени договорите за набавка на нови воени авони за потребите на земјата (која е во отворена војна со Украина која ја започна Русија), па својот револт го истури врз министерот за економија и трговија Денис Мантуров, пишува БизнисИнсајдер.
– Нема договори (за авионите). Што ќе ми кажеш? Знам дека не се склучени договори со овие компании бидејќи така ми рекоа нивните директори. Зошто се шегуваш? – му вели Путин на својот поранешен миленик кој на негодување на Путин бил на одмор во Турција, земја членка на НАТО.
Мантуров се обидува да му објасни на Путин дека мора да се внимава со тестирањето, сертификацијата и процедурите за увоз, но Путин не сака да ги слушне овие работи.
– Зошто се однесувате глупо? Кога ќе има договор (за авионите)? – рече Путин и ги крена веѓите.
Мантуров му вели на лидерот на Кремљ дека ќе направи сè за во блиска иднина да склучи договори за купување авиони.
– Што сакаш да кажеш со тоа „поблиска иднина? – го прашува Путин, нервозно мешајќи ги листовите во своите раце.
– Сето ова мора да се реши во рок од еден месец, ве молам, во рок од еден месец… Дали ги разбирате условите во кои живееме денес! – рече Путин.
Мантуров ја наведна главата по прекорот од Путин.
THREAD: a short look at a scolding from Putin & what it tells us about modern Russia.
Today Putin slammed head of Ministry of Industry & Trade Denis Manturov for not signing any new contracts for aircraft in 2023.
Putin was pictured dramatically eye-rolling & paper shuffling. pic.twitter.com/vaCZogudBD
— Emma Burrows (@EJ_Burrows) January 11, 2023
Руските воздухопловни сили во моментов се соочуваат со недостиг на борбени авиони, а ниту руските авиокомпании не се во подобра состојба, бидејќи не можат да добијат патнички авиони поради санкциите.