Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тенискиот ас Новак Ѓоковиќ со серва на трева против член на својот стручен штаб се опушташе и забавуваше после експресно обезбеденото полуфинале на престижниот Вимблдон.
Ѓоковиќ експресно во три сета во четврт финалето вчера го декласираше Белгиецот Гофан и закажа полуфинале проѕтив незгодниот Шпанец Роберто Баутиста Агут.
Популарниот Ноле сакајќи да се опушти по мечот со Гофан со пријателите од стручниот штаб одигра серва на трева во дворот на куќата во која е сместен во Лондон и ги покажа своите одлични способности и со фудбалската топка.
— Novak Djokovic (@DjokerNole) July 10, 2019
Неговите фанови на социјалните мрежи му порачаа дека има подобар прием од центарфорот на Манчестер Јунајтед робусниот Ромел Лукаку.