ФАТЕН НА ДЕЛО ОД МАЖОТ И: Имал секс со труп од жена која починала само еден час порано!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поради сквернавење на мртво тело позади решетки заврши 27-годишниот медицински техничар од Боливија, Гровер Макучапи.

Медицинскиот техничар од боливискиот главен град Ла Паза, уапсен е поради сексуално злоставување на една почината пациентка. Гровер бил фатен на дело од стана на сопругот на починатата, па го претепал на лице место.

Несреќната 28-годишна жена починала од болест на белите дробови само еден час пред гнасниот чин, па била префрлена во болничката мртовечница.

„Видов што прави и го удрив. Имаше спуштени панталони“, изјави шокираниот сопруг за локалните медиуми.

Уапсениот медицински техничар се бранеше така што изјави дека бил во транс: „Нешто се случи. Тоа беше како во сон. Единствено на што се сеќавам беше ударот на нејзиниот сопруг“.

Техничарот сега е позади решетки каде го чека судење за сквернавење на трупот, бидејќи некрофилијата не постои како криминален чин во боливискиот закон.