Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бившиот кајакарски шампион на Унгарија, Мартон Џоб, со неговата сопруга Дора планирале да имаат шест деца. Но, денес, нивното семејство брои 10 деца со 11- то на пат, па карантинскиот живот заради коронавирусот за нив е вистински семеен предизвик.
„Сметаме дека сè е добро и фрижидерот е полн, а потоа го отвораме после два, три дена и е скоро празен“, вели 37-годишниот Мартон.
Семејството има два фрижидери, голем замрзнувач и минибус со 17 седишта за превоз низ родниот град Сегед.
Но, нивниот најголем предизвик е училиштето. Најмалото дете има едно година и два месеци, а најстарото е на 15 години. Шестмина од нив учат од дома со недели и сите имаат задачи што треба да бидат координирани, решени и испратени навреме.
Карантинот ги научи децата да бидат понезависни и покооперативни во чистењето на куќата, да играат во помали групи и да ги редат своите играчки.
„Овој вирус смени многу работи, сега одат пополека“, рече Мартон, трикратен шампион во кајак помеѓу 2003 и 2007 година.
Мартон вели дека иако епидемијата ги загрижува, „тоа што децата се до нив им дава голема надеж и ако Бог даде, би сакале да имаат уште едно или две деца“.