Има тројно повеќе следбеници на Инстаграм од жители во неговата земја – заслужни за тоа се Србите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Типот од фотографијата се вика Ану Дебао (тој во позадина), жител е на островската земја Науру. Она што е интересно во врска со него е тоа што за само два дена тој на неговиот Инстаграм профил доби тројно повеќе следбеници од бројот на жители кои го има неговата родна држава.

А што е уште поинтересно и посимптоматично, сите нови следбеници на Дебао на Инстаграм се Срби.

Сета таа фама околу Дебао започна пред неколку дена кога Науру, островска држава во Тихиот Океан, недалеку од екваторот, го повлече признавањето на независноста на Косово.

Потоа, српската Инстаграм страница „Negujmo srbski” (следена од над 418.000 луѓе) сподели профил на случаен човек од Науру и ги повика луѓето да го следат. Испадна тоа да биде профилот на Ану Дебао.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neguj mo srbski jezik (@negujmosrbski) on

„Ова е Ану Дебао, случаен жител на Република Науру и има 36 следбеници. Ајде да направиме најголем инфлуенсер од него!”, напишаа на страницата.

Шега или не, Србите дадоа се од себе за да се случи тоа, а Ану за два часа веќе имаше 14.500 следбеници, а тој број до сега се зголеми на над 40.000. Инаку, според пописот од 2017 година, Науру има население од 13.649 жители.