Home Актуелно Има трајни трауми: ИСИС киднапирале тригодишно дете оти се викало Меси

Има трајни трауми: ИСИС киднапирале тригодишно дете оти се викало Меси

Тригодишното дете кому родителите му дале име по светски познатиот фудбалер Меси, поминало 2 години во заточеништво со мајка му и сестра му од страна на Исламската држава. Од мајката барале да му го смени името на детето и тоа да се вика Хасан.

Гревот на детето, според ИСИС, било неговото име. Тоа, заедно со неговата мајка и сестра, во 2014 било киднапирнао од неговиот дом во северен Ирак. По две години во заточеништво, детето е спасено и сега живее во бегалски камп.

Но тие две години биле пеколни. Од семејството на детето ИСИС постојано барале откуп, иако тие воопшто немале пари.

Момчето кое денеска има 5 години, не останало без последици. Одвај зборува, кога ќе го повикаат по името Меси ја врти главата со негодување, и наместо со топка, сака да игра со пиштоли, пишува Дејли меил.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Четири правила што мора да ги почитувате ако сакате да ослабете

1. Индивидуалната исхрана е главен приоритет Познато е дека секој организам е уникатен, а …