Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Петгодишниот Рахим Куриев го викаат „чеченскиот Шварценегер“ бидејќи го сметаат за најсилното дете во Чеченија.
Малиот веќе е атлетска машина која прави по 5.000 склека дневно. Или да бидеме поконкретни со импресивните бројки – за само 2 часа, без пауза, тој направи 4.105 склека, во обид да го собори светскиот рекорд.
Од првиот обид ваквиот напор сепак беше преголем за петгодишното момче , кое се обврза дека следниот пат ќе го надмине борјот од 5 000 склекови.
Е сега, во Чеченија сè е поврзано со политиката на Кадиров, па така и ова. Малиот Рахим својот обид за соборување на светскиот рекорд му го посвети на чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, кој на подарок на малото момче му подари нов бел Мерцедес.