ИМА САМО 17 ГОДИНИ! Полицијата објави кој е главниот осомничен за масакрот во Барселона!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Шпанската полиција објави дека за нападот е осомничен 17-годишниот Муса Оукабир, брат на момчето кое вчера се предаде и чија фотографија ја објавија сите светски медиуми.

Потсетуваме, во комбето вчера полицијата пронајде документи на име Дрис Оукабир, па неговата фотографија го обиколи целиот свет. Кога тој ја виде неговата фотка во медиумите, се реши ја да и се предаде на полицијата.

Но, 28-годишниот Дрис наводно на полицијата и рекол дека нема врска со нападот во Барселона и тогаш не ни бил во овој град. Како што објавија шпанските медиуми, тој самиот кажал дека најверојатно брат му ги украл документите.


Со тие документи е изнајмено комбето со кое е извршен вчерашниот масакр во Барселона во кој загинаа најмалку 13 лица, а голем број меѓу кои и државјанин од Македонија беа повредени.

Полицијата засега потврди дека Дрис сигурно не го возел комбето.