Има само 17 години: Алиса ќе биде првиот човек кој ќе стапне на Марс


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Младата Алиса Карсон од најмали нозе сонува за истражување на вселенските пространства и негува љубов кон вселената, особено по гледање на ТВ емисијата “The Backyardigans”.

Неколку години подоцна, нејзиниот татко ја пријавил во вселенски камп, а набрзо станала и една од малкумината кои ги посетиле сите три вселенски кампови.

Нејзиниот сон отсекогаш бил да стане првата личност чија нога ќе стапне на Марс, а својата мисија ќе ја оствари во 2033 година.

Проектот со кој НАСА моментално се занимава има за цел да воспостави човечка колонија на Црвената планета. Алиса е првата личност која ја завршила обуката од страна на НАСА, но и најмладата личност која дипломирала на Вселенската академија и официјално добила сертификат да отпатува во вселената како астронаут.