Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Лорен Дрејн од Флорида многумина ја прогласија за „најсекси медицинска сестра на Инстаграм“, а ќе ви стане јасно зошто и како го заслужи тој статус кога ќе погледнете неколку фотки од нејзиниот личен профил кој го следат на 3,7 милиони обожаватели.
31-годишната медицинска сестра специјализирана за кардиологија кариерата во здравството ја започна на 16 години, а денес работи и како лична фитнес инструкторка.
Иако знае да работи и по 13 часа дневно, секогаш наоѓа време за интензивни тренинзи, кои се причината за нејзината одлична телесна форма. Верува дека активниот животен стил е клучот за долготрајно здравје, пренесува Daily Mail.
„Активниот животен стил го намалува ризикот од болести и промовира општо добро“, вели таа и додава дека својот одличен физички изглед воопшто не го должи на некаков генетски код, туку исклучиво на макотрпното и посветено вежбање и работа.
Признава дека поради тоа често се бори со предрасудите кои луѓето ги имаат кон „фитнес моделите од Инстаграм“.
Освен на Инстаграм, активна е и на својот блог, каде промовира физички вежби и заговара здрав живот.