Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Oва е начинот на кој ПСЖ ќе го доведе Мбапе и ќе го испочитува финанискиот фер-плеј!
Како што во овој момент изгледа ситуацијата, Килијан Мбапе својата кариера ќе ја продолжи во дресот на ПСЖ.
Француските медиуми пренесуваат дека сагата околу 18 годишниот фудбалер наскоро би требало да биде завршена. Монако е свесен дека тешко ќе го задржи Мбапе кој изрази желба за трансфер во Париз, но не беше познато како ПСЖ ќе успее да го реализира овој трансфер.
ПСЖ неодамна го доведе Нејмар за 222 милиони, УЕФА тоа го дозволи и потврди дека се е во согласност со финансискиот фер-плеј. Меѓутоа, управата на ПСЖ е свесен дека трансферот на Мбапе кој би изнесувал околу 160 милиони евра, тешко ќе помине кај УЕФА.
Сепак, клубот од главниот град на Франција спремил план според кој би избегнале казна од УЕФА. Имено, ПСЖ ќе се обиде да ги убеди првите луѓе на Монако да го пуштат Мбапе на двегодишна позајмица, а клубот во одредени интервали да им исплаќа одредена сума секоја година.
На тој начин во ПСЖ се сигурни дека нема да го прекршат финаинскиот фер-плеј, но јасно е дека сега е Монако на потег кој би можел сето ова лесно да го запре.