Има егзекутирано над 5.000 слона и 50 нилски коњи и тврди: „Не ми е жал, тоа ми е работа“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Рон Томсон од Зимбабве е ловец на диви животни за пари, чиј идентитет беше откриен за јавноста после информацијата дека дека бројот на слоновите е намален за две третини.

Освен што има убиено илјадници слонови, овој 80-годишен професионален ловец на својата веб сдтраница објави дека убил околу 800 биволи, 60 лава (од кои шест јаделе луѓе), 40 леопарди, 50 нилски коњи и голем број други егзотични животни.

Тој е татко на две деца и животот го минал во национални паркови . Вели дека бројот на животни не е намален , а тоа е само приказна на западните конзерватори , кои сакаат да земат пшари од фондовите за заштита на животни.

Податоците говорат дека во 80 тите години на минатиот век имало 1,3 милиони слонови , а сега 400 000 примероци. Бројот на слонови за послњедните седум години е намален за 30 проценти. Томсон вели дека намерно го намалувал бројот на животни , за да се одржи популацијата здрава.

,,Немав никакви чувства за време на ловот. Не ми е воопшто жал за животните што сум ги убил во лов. Тоа не е проблем. Проблем е што има толку многу експерти од Запад , кои се обидуваат да ми кажат што да правам. Јас сум обучен универзитетски еколог и сигурно знам нешто за тоа. Африканскиот слон не е ниту блиску до изумирање . Луѓето кои го тврдат тоа, зборуваат само за да земат пари“ , вели ловецот.