Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иако има 73 години, Лорен Брузоне е најредовна во теретаната каде секојдневно и неуморно вежба со својот тренер Весли Џејмс.
Годините не ја спречуваат да вежба секојдневно, а своите достигнувања ги објавува на социјалните мрежи каде што оваа дама во години веќе е вирален хит.
Лорен крева тегови, понекогаш ги крева и ги влече, се истегнува и е вистински пример за фактот дека годините навистина се само бројка.
Оваа поранешна адвокатка почнала да вежбаво теретана во шеесеттите години и тренира секој ден по еден час и почнува во шест часот наутро. Таа главно се фокусира на CrossFit и вели дека започнала да вежба на повик на пријателка.
„Гледав помлади луѓе како креваат тегови и сакав да се приближам до она што го прават. Тоа е она што ме мотивира“, вели оваа инспиративна жена. Отсекогаш водела активен живот, а во младоста тренирала балет.
„Таа не се жали на ништо. Секогаш е подготвена и го сака тој процес на напредок. Секојпат кога ќе ја видам, ми го осветлува денот“, вели нејзиниот тренер.