Има 6 години и заработува по 3 милиони долари годишно


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Малата Борам е 6-годишно девојче од Јужна Кореја, кое е вистинска ЈуТјуб и интернет атракција и ѕвезда која уште од мали нозе забележува милионска заработка преку нејзиниот ЈуТјуб канал.

Борам (како што е позната на ЈуТјуб) со своите родители се почестија со луксузна куќа од 8 милиони американски долари. Станува збор за зграда во елитната четврт во Сеул, Гангам , каде што ќе живее со своите родители.

Малата Борам секако може да си го дозволи луксузот , зашто годишно заработува по 3 милиони долари , а на социјалните мрежи има над 30 милиони претплатници.

Луксузната куќа, инаку е на пет ката и ие изградена во 1975 година. Околу неа има и голем двор од 258 квадрати.

Малата Борам е една од најпознатите ѕвезди на Јутјуб во Јужна Кореја . Има 17,5 милиони претплатници на својот влог Борам Тјуб и уште 13,6 милиони на Борам Тјуб Тој Ривју.