Има 42 години, а досега се породила 20 пати


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Простата математика вели дека оваа жена прв пат останала бремена на 14 години и оттогаш се има породено неверојатни 20 пати.

Таа вели дека е пресреќна откако го роди своето 20-то дете, бидејќи има толку големо семејство. Живее во Ерусалим со сопругот и децата, а овие денови само што стана мајка на уште едно дете, туку доживеа и двојна радост станувајќи и баба, бидејќи нејзината најстара ќерка роди свое дете.

Сепак, треба да се знае дека доколку сака да го собори Гинисовиот рекорд, многу далеку е од тоа, бидејќи тој е поставен во 18-ти век и оттогаш досега не е соборен.

Него го држи Русинката Васиљева која родила 69 деца. Се прашувате како е тоа можно?

Оваа руска „амазонка“ четири пати родила „четворка“, седум пати на свет донесла „тројка“ и неверојатни шеснаесет пати родила близнаци. Починала на 76-годишна возраст.

Звучи неверојатно и незамисливо, ама фактите се тие.