Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Зиона Чана е човекот со најголемо семејство на светот. Тој заедно со неговите 39 сопруги, 94 деца и 33 внуци се најголемата фамилија на планетава која живее под ист покрив. Ова многубројно семејство живее во четирикатна куќа во индиската провинција Мизорам.
Во четирикатната палата која има дури 100 соби живеат четири генерации, а бројноста на семејството не е конечно. Имено, Чана тврди дека не е исклучено некое проширување на семејството, зошто како што вели, не сака д апропушти ниту една прилика за брак.
Жените делат спални соби, а за да може секоја да добие можност да помине ноќ со својот сопруг постои распоред, најмладите жени се сместени поблиску до спалната соба на главата на семејството, додека постарите се сместени нешто подалеку во куќата.
„Ние остануване покрај Зиона зошто тој е најважната личност во семејството, а освен тоа и најзгоден маж во селото “, објаснува 35-годишната Ринкмини, една од сопругите на Чана.
Слога, почитување и љубов владеат во семејството Чана, чија организација е налик на воена – жените заедно ги подготвуваат оброците под команда на најстарата, Затианги. Да се нахрани големото семејство не е лесно, па така дневно се подготвуваат околу 70 килограми месо и 50 килограми ориз.
Еден од синовите на Зиона инсистирал неговиот татко да се ожени со сиромашните жени од своето село за да се грижи за нив.
„Се чувствувам како миленик на бога, зошто ми даде толку деца за кои се грижам“, вели 72-годишниот Зиона.
Тој е и водач на христијанска секта во рамките на која е дозволено мажот да има онолку жени колку што сака. Во текот на една година тој се женел дури со 10 жени, а нагласил дека заради проширување на својата „секта“ планира да оди во Америка за да се ожени повторно.