Home Вебкафе Има 23 години, а веќе „тежи“ 7 милиони долари благодарение на YouTube

Има 23 години, а веќе „тежи“ 7 милиони долари благодарение на YouTube

Се вика Давид Добрик. По потекло е од Словачка, а своето хоби и пасија за YouTube снимки го претвори во професија која на само 23-годишна возраст му донесе заработка од 7 милиони долари.

Давид има 15 милиони следачи на YouTube. А, според една анкета на угледниот аналитичар Пајпер Џафреј, спроведена меѓу 9.500 испитаници тинејџери, Добрик е најпопуларен меѓу т.н. „јутјубери“.

Неговата популарност, YouTube активностите, како и блоговите му донесоа улоги во неколку филма, а потоа и ангажман како водител на минатогодишните доделувања на наградите Избор на тинејџерите (Teen Choice Awards).

Давид е роден во 1996 година во Кошице, Словачка. Кога имал шест години, се преселил во САД, поточно во Чикаго, заедно со своите родители. Кога завршил средно училиште, неговите родители му поставиле услов – ако не сака колеџ, да се исели од дома.

Тој избрал да се исели. Во 2013 година, се преселил во Лос Анџелес и тогаш ја открил апликацијата Vine, со која може да се објавуваат видеоснимки долги најмногу шест секунди и да се споделуваат.

Така, неговата креативност секој ден оттогаш му носи сè поголема слава.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Бијонсе и Џеј-Зи размислуваат да го тужат Кање Вест поради скандалозни изјави за нивните деца

БИЈОНСЕ И ЏЕЈ-ЗИ РАЗГЛЕДУВААТ ТУЖБА ПРОТИВ КАНЈЕ ВЕСТ ПОРАДИ СКАНДАЛОЗНИТЕ ИЗЈАВИ ЗА НИВНИ…