Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Американецот Морган Калбертсон, студент и приправник во компанијата за информатичка безбедност FireEye, се смета за најопасниот хакер во светот, и покрај тоа што има само дваесет години. Оваа информација ја потврди и Федералното истражно биро (ФБИ), од каде што се убедени дека токму Калбертсон го креирал озлогласениот софтвер Dandroid, кој служи за провалување во оперативниот систем Android и ги собира сите информации.
Како што објаснуваат, Калбертсон работел со елитен тим за „напредни закани“, кој проучувал тактики за напади на банки, трговските податоци или, пак, Белата куќа, каде што хакерите со месеци влегувале во системите и краделе информации.
Сепак, американските власти укажуваат на криминалниот цинизам на Калбертсон, бидејќи тој со соработниците во компанијата го проучувал озлогласениот софтвер што самиот го креирал.
Во компанијата FireЕye, пак, стравуваат дека Калвертсон го користел нивниот софтвер и знаење за криминални активности.
Наводно, секој за 300 долари можел да го купи Dandroid и преку која било легална Android апликација да влезе во туѓ уред.
„На клиентите им бил нуден и кориснички сервис. На хакерските форуми, овој оперативен систем бил рекламиран на банери, а откритието на Калбертсон било толку опасно, што две компании за информатичка безбедност објавија посебни извештаи за него“, коментираат од ФБИ.
Оттаму објаснуваат дека корисниците на Android биле предупредени дека хакерите можат оддалеку и незабележително да крадат фотографии, видеа, аудиозаписи, односно сѐ што имаат во телефоните.