Има 16 години, а веќе е милионер – еве што вели за конвенционалното образование


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


16-годишниот Австралиец Џек Блумфилд, иако уште е малолетен тинејџер, веќе е влезен во друштвото на светските милионери. Младиот Блумфилд вели дека конвенционалното образование е целосна спротивност на претприемништвото и дека истото воопшто не му помогнало во неговиот успех.

16-годишниот милионер основал и води две е-компании од својата 12 година . Компаниите сега имаат милионски обрт на пари, а како што вели Џек, традиционалното школување воопшто не му помогнало во тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jack Bloomfield (@jackbl_) on

„Не ме разбирајте погрешно, училиштето е добро за да ти даде основа. Но, кога еднаш ќе научите да множите, делите, зборувате и пишувате, вредноста паѓа на нас кои сакаме да продолжиме по патот на претприемништвото.”, изјави младиот бизнисмен за австралиските медиуми.

Тој вели дека 12 годишниот училишен систем ги насочува само младите како да продолжат на факултет , уште една институција каде се учи, додека не бидете исфрлени на другата страна во потрага по работа , а веќе поминале 16-18 години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jack Bloomfield (@jackbl_) on

Вели и дека повеќето училишта во Австралија не поттикнуваат никакви претприемнички вештини. Вели дека за тоа е виновен застарениот систем во кој не се предвидува дека некој млад може да почне старт-ап компанија или некаков бизнис. Тоа едноставно го нема во книгите, вели 16 годишниот милионер.

Тој како примери за тоа колку е непотребно целосното образование за успех , ги наведува Закерберг и Џобс , кои ги напуштија факултетите и почнаа компании што го сменија светот. Вели дека неговата прва работа барала да вложи само 500 долари, но потребна е голема желба, откажување од времето поминато пред ТВ или за видео игри.