Има 14 години и од играње „Фортнајт“ има заработено 200.000 долари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


14-годишниот тинејџер Грифин Спикоски од Њујорк не е уште еден обичен фанатик за играње „Фортнајт“, бидејќи малиот „гејмер“ веќе солидно заработува од „киснењето“ пред компјутер и играње на популарната игра.

Грифин, познат под името Скептик ја игра популарната видео игра секој ден по околу 8 часа , а има денови кога поминува и по 18 часа пред компјутерот. Досега на овој начин има заработено 200.000 долари.

Освен што игра, Грифин се снима додека го прави тоа, а видеата ги објавувба на својот YouTube канал, каде го следат над милион претплатници и на тој начин заработува илјадници долари.

Почнал да заработува кога пред девет месеци успеал да победи познат играч на „Фортнајт“. Тогаш почнале да го следат голем број корисници, така што детето ја искористило популарноста за да заработува на спонзори, реклами и донации од своите претплатници.

Неговите родители во целост го поддржуваат, па дури му изнајмиле и финансиски советник, кој правилно ги распоредува парите на детето. Грифин вели дека заработката сака да ја потроши на студии и да купи нова куќа.