Има 107 години и уште во возењето ужива „како газди“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


107-годишниот Американец Џо Њуман е еден од најстарите возачи во САД, а приказната за него неодамна стана вирален хит на социјалните мрежи.

Жителот на Сарасота во Флорида го привлече вниманието откако се појави видео на кое се вози црвен кабриолет. Џо Њуман вози по американските патишта повеќе од 90 години и сè уште лесно ја продолжува возачката дозвола кога му е потребно.

„Секако дека сум добар возач“, изјави 107-годишниот Џо за медиумите. Неговата вереница, која со задоволство се вози наоколу со него и наскоро ќе го прослави својот 100-ти роденден, се согласи со неговата изјава.