Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На едно семејство од Белорусија им се смачи животот под кирија, па решија нешто да преземат во врска со нивното станбено прашање и да се раатисаат од таквиот живот под притисок.
За таа цел сами си направија куќарка од 16 метри квадратни зафатнина. Идејата ја добија кога сфатија дека трошоците ќе им бидат значително помали од годишната кирија која ја плаќаа за стан во Минск, а која ги чинеше 500 долари месечно.
Ова трочлено белоруско семејство за изградба и целосно опремување на нивниот дом изработен по принципот „направи сам“ вложија 4.600 американски долари. Резултатот беше модерна мала куќа во која секој сантиметар е практично и целосно искористен.
Куќиката е опремена со бања, кујна и дневна соба, а има место дури и за машината за перење. За греење користат природен гас и струја. Супер им е тоа што сега куќата можат да си ја преместуваат каде сакаат и кога сакаат, додека имаат дозвола од сообраќајната полиција.