Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Белграѓанин заработи повеќе од 40.000 евра, кладејќи се дека Александар Вучиќ на претседателските избори во Србија ќе добие 42,75% гласови повеќе од Вук Јеремиќ.
Тој во филијалата од една обложувалница во центарот на Белград уплатил тикет од 6.175.000 динари (околу 50.000 евра) со коефициент од 1.85 дека Вучиќ ќе има 42,75% повеќе гласови од Јеремиќ.
Облогот го доби со добивка од 11.423.750 динари (околу 92.000 евра), при што има чиста заработка од 42.000 евра, пренесуваат белградските медиуми.
Вучиќ доби повеќе од 55% од гласовите, а Јеремиќ околу 5,6%.
Исто така, еден обложувач загуби околу 4.000 евра, кладејќи се дека Саша Радуловиќ ќе има повеќе од 2,3% гласачи, а тој доби околу 1,4% од вкупните гласови.