Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Двајца браќа, копачи на злато од Австралија, во само неколку часа најдоа две огромни грутки злато во вредност од 350.000 австралиски долари, пренесуваа Си-Ен-Ен.
3,5 килограми злато е пронајдено во близина на Тарнагула во државата Викторија, објави вчера каналот „Дискавери“.
Брент Шенон и неговиот зет Итан Вест го нашле златото во рок од неколку часа со помош на таткото на Итан, Пол Вест. Грумените би можеле да достигнат и до 30 проценти повеќе ако колекционери се заинтересирани за нив.
„Тоа се случи во недопрено подрачје кое не беше експлоатирано“, коментираат тие.
Тандемот чекал со месеци за дозвола за пребарување злато во областа. Вест проценува дека пронашол илјадници мали грутки злато во текот на изминатите четири години. Ги пронашол со помош на детектор за метал.
Најголемиот грутка злато до сега е откриен во јануари 2013 година и тежела 5,5 килограми , а е пронајдена во близина на Баларат, еден час возење од Тарнагула.