Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рекламата која Samsung ја сними за Galaxy Note 8 почнува во 2007 година, каде има долга линија пред Apple продавницата по претставувањето на оригиналниот iPhone.
Следната сцена покажува како младо момче го купува уредот и се фали со него на другарите. Потоа, дејството се префрла во 2010, кога истото момче го купува новиот iPhone 4, но кога се обидува да направи слика, на екранот му покажува дека нема место.
Три години подоцна, момчето се подновува со iPhone 5s и се запознава со девојка која има Galaxy Note 3. Додека си ги разменуваат броевите, девојката го користи S Pen пенкалото за да го запише неговиот број и го забележуваме поголемиот екран на нејзиниот телефон.
Во 2016 истото момче го чека iPhone 6s пред Apple продавницата, каде повторно има огромна редица и сите чекаат во дождот. Потоа, го гледаме момчето со неговата девојка пред езеро, каде и двајцата завршуваат во вода. За среќата, девојката е во ред бидејќи го има Galaxy S7 кој е водоотпорен, а момчето се труди да го врати својот iPhone во живот ставајќи го во чинија со ориз.
Во 2017, конечно, момчето го става својот iPhone во фиока и го купува новиот Galaxy Note 8. Насловот на видеото е Growing Up.