Им испадна закон албум: Од 1982 на пет години се фотографираат на исто место, во иста поза


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Петмина пријатели од средно училиште истата фотографија ја „рекреираат“ на секои пет години. Се запознале во средното школо во Санта Барбара во седумдесеттите години од минатиот век, а првиот одмор заедно го поминале во 1982 година, кога настанала и првата заедничка фотка од која подоцна ќе произлезе вистински фотографски проект и хит албум на интернет.

Џон Вордло, Марк Рамер, Далас Барни, Џон Молони и Џон Дикисон, сите на 53-годишна возраст, неодамна позираа за осмата заедничка фотографија на езерото Копко, на краницата меѓу Калифорнија и Орегон.

„Целосно сме избезумени од фактот дека оваа фотка ја рекреираме веќе 35 години“, изјави Дикисон за CNN. Откако позирале во 2012 година, тројца се ожениле, а Дикисон станал татко. „Таа беше сјајна година, отсекогаш сакав да станам татко“, вели Дикисон кој прв од нив стана татко.

Откако нивната приказна стана вирален хит во 2012 година, тие станаа интернет сензација, а новата фотографија многумина ја очекуваа со нетрпение. Од нив само Дикисон уште живее во Санта Барбара, но тоа сигурно нема да ги спречи да ја продолжат традицијата на секои пет наредни години.