Им го најде чарето на казината: Зависен коцкар од „Новоматик“ добива обештета од 2,5 милиони долари и тоа само затоа што е ЗАВИСНИК?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Судот во Винер Нојштат застана на страната на еден коцкар, кој го тужеше концернот од областа на игри на среќа, „Новоматик“.

Австрискиот суд оцени дека поднесителот на тужбата е зависник од коцкање и дека поради тоа бил „делумно неспособен“ и сите негови игри на автоматите на „Новоматик“ ги прогласи за неважечки.

„Новоматик“ сега мора да му плати на коцкарот 2,5 милиони евра.

Пред судот, поднесителот на тужбата изјавил дека во Виена од 2002. до 2012. година на автоматите на фирмата „Новоматик“ уфрлил нешто повеќе од 2 милиони евра.

Според вештачењето на психолог, лицето страда од „преголема потреба за игри на среќа“, па не можел да им одолее на автоматите.

Судот ја прифатил оценката на експертот, а воедно оцени и дека „Новоматик“ го прекршил законот за игри на среќа со тоа што на своите автомати примал и исфрлал поголеми своти на пари отколку што е дозволено.

Пресудата не е правосилна, бидејќи „Новоматик“ најавил жалба.

Доколку на поголема инстанца, судот донесе пресуда во корист на коцкарот, тоа би можело да има последици по фирмата која се занимава со производство на автомати за игри на среча, како и по казината, бидејќи многумина би се обидете да ги вратат своите изгубени вложувања тврдејќи дека се зависници од коцкање.