Илузионистот Ури Гелер тврди: Со телепатија ќе го спречам Брегзит


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во отвореното писмо кое го упати директно до британската премиерка Тереза Меј, илузионистот Ури Гелер јавно порача до политичарката дека лично ќе се заложи со своите способности Британија да не излезе од Европската унија.

Илузионистот Гелер порача дека со помош на телепатија ќе ја запре фактичката и конечна реализација на Брегизит.

„Многу ве сакам, но, нема да ви дозволам да ја водите Британија во Брегзит. Колку и да ви се дивам, телепатски ќе ве запрам и верувајте ми, во состојба сум тоа да го изведам. Ве повикувам неодложно да го запрете тој процес додека уште имате можност“, порача Гелер до Меј.

Илузионистот Гелер кој сега живее во Израел, а претходно бил жител на Сонинг во Англија во писмото наведува дека ја познава Тереза Меј 21 година и дека таа била гостинска во неговиот дом, како и дека три години пред Тереза Меј да стане премиерка ја предвидел нејзината победа.

Ури гелер во јавноста е позната најмногу како илузионист кој со телепатија искривува виљушки.

„Гардијан“ потсетува и дека Централната информативна агенција дури ја тестирала моќта на Гелер и неговите телепатски способности.